MOVEMBER CUP 2026
ноември 1 @ 1:00 pm - 4:30 pm

MOVEMBER CUP 2026 — играме за машкото здравје!
Во рамките на кампањата Movember 2026, Македонското здружение по урологија организира турнир во мал фудбал со цел да го промовира машкото здравје преку спорт, превенција и рано откривање на уролошките заболувања, особено ракот на простатата и тестисите.
Детали за настанот
- Датум: 1 ноември 2026
- Време: 13:00–16:30 часот
- Место: Спортска сала на Средното медицинско училиште „Никола Штејн“, Тетово
Предвидено е учество на 8 екипи. Учеството е бесплатно и отворено за сите заинтересирани граѓани.
Пријавување на екипи (6+2): 070 251 279 / 071 595 556
Настанот ќе биде проследен со музика од диџеј, забавна програма и кетеринг.
Генерален спонзор: Бле Медика – Тетово.
Вашето учество е гол за здравјето!
