Македонско здружение по урологија

Македонското здружение по урологија е стручно здружение кое ги обединува уролозите во Република Северна Македонија со цел унапредување на уролошката струка, континуирана едукација и следење на современите европски и светски стандарди во урологијата, со крајна цел подобрување на квалитетот на здравствената заштита на пациентите.

Мисија

Македонско здружение по урологија има за цел унапредување на уролошката струка преку континуирана едукација, размена на знаења и искуства, следење на современите светски трендови во урологијата и поттикнување на научно-истражувачката дејност. Здружението работи на зајакнување на професионалната соработка меѓу уролозите и придонесува кон подобрување на квалитетот на здравствената заштита на пациентите.

dr-skender-saidi-mk

Визија

Здружението на уролозите на Македонија се стреми да биде современо, активно и препознатливо стручно здружение, кое ќе ја развива и афирмира македонската урологија во согласност со европските и светските стандарди.

Како струка во мала држава со околу два милиони жители (2021) и ограничени финансиски ресурси, урологијата во Република Северна Македонија се соочува со предизвици поврзани со воведување на нови технологии, едукација на млад стручен кадар, како и со глобалниот феномен на миграција на здравствени професионалци, кој дополнително влијае врз достапноста и континуитетот на уролошката здравствена
заштита. Здружението активно работи на поддршка на професионалниот развој, меѓународната соработка и унапредувањето на стандардите во уролошката пракса.

Настани

Лауриан 2026

Стручен уролошки настан планиран за 27 октомври 2026 година. Програмата и дополнителните информации ќе бидат додадени наскоро.

MAU и Movember

Мовембер 2026 е месечна кампања посветена на машкото здравје, превенцијата, раната дијагностика и отворениот разговор за уролошките заболувања.

Современи дилеми во фармаколошкиот третман на БПХ

Стручна работилница и панел-дискусија за современиот фармаколошки третман на БПХ, со фокус на практични дилеми во секојдневната уролошка практика.

MoTalks Подкаст

Разговараме со експерти за важноста на раната превенција, отворените разговори и грижа за машкото здравје.

Да останеме гласни за теми кои често се премолчуваат и се надеваме дека ќе ве мотивираме да поразговарате со некој што ви значи- пријател, партнер, брат, колега.

Разговорот е првиот чекот кон подобро здравје.

Разговор за еректилна дисфункција со проф. д-р Скендер Саиди

Разговараме со експерти за важноста на раната превенција, отворените разговор и грижа за машкото здравје.

Разговор за бенигна хиперплазија на простата со д-р Мартина Амбарџиева

Во овој подкаст д-р Мартина Амбарџиева, специјалист уролог, која со својот професионален и емпатичен пристап руши предрасуди и им помага на мажите отворено да зборуваат за своето здравје.

Разговор за тумори на тестиси со проф. д-р Сотир Ставридис

Во овој подкаст проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист уролог, дава одговори на најчестите прашања: кои се симптомите, кога треба да се помата помош, како изгледа раната детекција и зошто самопрегледот е толку важен.

Поддржано од

Scroll to Top