Меѓународен симпозиум за карцином на простата

Со особена чест и задоволство го најавуваме меѓународниот симпозиум посветен на карциномот на простата:
PROSTATE CANCER
Surgical Excellence • Global Perspectives • New Frontiers
- Датум: 21 ноември 2026
- Време: 09:00–17:40 часот
- Место: Амфитеатар на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје
Симпозиумот е во организација на Македонското здружение по урологија, како дел од активностите по повод Movember – месецот посветен на машкото здравје, а воедно и во чест на изборот и именувањето на проф. д-р Volkan Tuğcu за Visiting Professor на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Централна тема ќе биде карциномот на простата – од првиот контакт на пациентот со лекарот, преку современата дијагностика и донесувањето терапевтска одлука, до дефинитивниот третман. Посебен акцент ќе биде ставен на современите минимално инвазивни хируршки методи, со фокус на роботски асистираната радикална простатектомија.
Научната програма ќе вклучи експерти од нашата земја, како и гости од Австрија, Словенија, Турција и Бугарија.
Програмата е прелиминарна и може да подлежи на промени.
Ве очекуваме на ден посветен на современите знаења, размената на искуства и стручната дискусија за најновите достигнувања во дијагностиката и третманот на карциномот на простата.
