| Статус | Активен |
|---|---|
| Место | Скопје |
| Институција | JЗУ Клиника за Урологија |
| Титула | Редовен професор |
| Работно место / Универзитет | Медицински факултет при УКИМ; ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија – Скопје |
| Код на специјалност | 1 |
| Специјалност | Уролог |
Основни информации
Датум и место на раѓање: 13 јуни 1967 година, Тетово, Република Северна Македонија
Институција: Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија – Скопје
Е-пошта: skendersaidi@yahoo.com
Телефон: +389 70 251 279
ORCID iD: 0009-0003-6979-1023
Образование
Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1992 година. Во 2000 година ја завршил специјализацијата по урологија на истиот факултет. Во 2009 година се стекнал со научниот степен магистер по медицински науки со магистерската теза „Евалуација на вредноста на експресијата на p53 протеинот во екстракапсуларната екстензија на карциномот на простатата“, а во 2013 година докторирал со дисертацијата „Поврзаноста на прекумерната експресија на гените UHRF1, p53 и микросателитната нестабилност со фенотипот на карциномот на мочниот меур“. Ментор на магистерскиот труд и докторската дисертација е академик проф. д-р Живко Попов.
Академска кариера
Академската кариера ја започнал во 2010 година како асистент на Медицинскиот факултет. Во 2015 година е избран за научен соработник, во 2019 година за доцент, во 2020 година за вонреден професор, а од 2025 година е редовен професор при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од 2019 година е ментор на Докторската школа при УКИМ. Под негово менторство успешно се одбранети две докторски дисертации, а во моментов е ментор на уште тројца докторанти.
Професионална кариера
Од 2000 година работи како специјалист по урологија на ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија – Скопје. Во својата клиничка работа е посветен на современиот третман на уролошките заболувања, со особен интерес во уролошката онкологија, лапароскопската и минимално инвазивната уролошка хирургија.
