ЗА КОНГРЕСОТ

Почитувани,

Во име на Македонското здружение по урологија (МАУ) и Балканското здружение по урологија (БАУ), ни претставува голема чест да ве поканиме на 5-тиот конгрес на МАУ и 6-тиот конгрес на БАУ. Овој значаен настан ќе се одржи од 17 до 19 октомври 2025 година, во хотел Дрим-Струга, на  брегот на Охридското езеро.

Мисијата на конгресот е да ги обедини колегите од Македонија, нашите балкански соседи, европските и меѓународните колеги. Современата урологија доживува неверојатен теоретски и технолошки развој и веруваме дека со заеднички напори ќе постигнеме плодна размена на искуства и знаења. Оваа размена, не само што ќе го збогати нашето лично разбирање, туку и ќе го унапреди полето на современата урологија.

Нашиот конгрес ќе се фокусира на клучни теми како што се: карцином на простатата, карцином на мочен меур, трансплантација на бубрези.

Дополнително, ќе има и разни други интересни и релевантни теми од урологијата за дискусија и истражување.

Убедени сме дека вашето присуство и активно учество ќе придонесе за поголем успех на овој настан и заедно можеме да го направиме овој конгрес извонредна платформа за учење, соработка и напредок во урологијата.

Со почит,

Проф. Скендер Саиди
Претседател на Македонското здружение по урологија
&
Проф. Оливер Станков
Претседател на Балканската асоцијација по урологија

Scroll to Top