Во ноември 2024 година, Македонското здружение по урологија организираше кошаркарски турнир како дел од активностите посветени на Movember и подигнувањето на свеста за машкото здравје.
Настанот ги обедини членовите и пријателите на здружението во спортска и колегијална атмосфера, со порака за важноста на превенцијата, раното откривање и грижата за здравјето.
Во продолжение се дел од фотографиите од турнирот.






