5-тиот конгрес на Македонското здружение по урологија и 6-тиот конгрес на Балканската асоцијација по урлогија

Во име на Македонското здружение по урологија (МАУ) и Балканското здружение по урологија (БАУ), ни претставуваше голема чест да ве информираме за успешно одржаниот 5-ти конгрес на МАУ и 6-тиот конгрес на БАУ. Овој значаен настан се одржа од 17 до 19 октомври 2025 година, во хотел Дрим-Струга, на брегот на Охридското Езеро.

Мисијата на конгресот беше да ги обедини колегите од Македонија, балканските земји, како и европските и меѓународните колеги. Современата урологија доживува значаен теоретски и технолошки развој, а конгресот овозможи плодна размена на искуства и знаења преку заеднички напори и дискусии. Оваа размена значително придонесе за унапредување на личното и професионалното разбирање, како и за развојот на современата урологија.

Конгресот беше фокусиран на клучни теми како што се: карцином на простатата, карцином на мочниот меур и трансплантација на бубрези.

Дополнително, беа опфатени и бројни други актуелни и релевантни теми од областа на урологијата, кои поттикнаа стручна дискусија и научна размена.

Убедени сме дека присуството и активното учество на сите учесници значително придонесе за успехот на овој настан и дека конгресот претставуваше извонредна платформа за учење, соработка и напредок во урологијата.

Со почит,

Проф. Скендер Саиди
Претседател на Македонското здружение по урологија

&

Проф. Оливер Станков
Претседател на Балканската асоцијација по урологија

Scroll to Top