Мисија
Македонско здружение по урологија има за цел унапредување на уролошката струка преку континуирана едукација, размена на знаења и искуства, следење на современите светски трендови во урологијата и поттикнување на научно-истражувачката дејност. Здружението работи на зајакнување на професионалната соработка меѓу уролозите и придонесува кон подобрување на квалитетот на здравствената заштита на пациентите.

Визија
Здружението на уролозите на Македонија се стреми да биде современо, активно и препознатливо стручно здружение, кое ќе ја развива и афирмира македонската урологија во согласност со европските и светските стандарди.
Како струка во мала држава со околу два милиони жители (2021) и ограничени финансиски ресурси, урологијата во Република Северна Македонија се соочува со предизвици поврзани со воведување на нови технологии, едукација на млад стручен кадар, како и со глобалниот феномен на миграција на здравствени професионалци, кој дополнително влијае врз достапноста и континуитетот на уролошката здравствена
заштита. Здружението активно работи на поддршка на професионалниот развој, меѓународната соработка и унапредувањето на стандардите во уролошката пракса.
5-тиот конгрес на МАУ и 6-тиот конгрес на БАУ.

Од 17 до 19 октомври 2025 година, во хотел Дрим-Струга, на брегот на Охридското езеро се одржа 5-тиот конгрес на МАУ и 6-тиот конгрес на БАУ.
MoTalks Подкаст
Разговараме со експерти за важноста на раната превенција, отворените разговори и грижа за машкото здравје.
Да останеме гласни за теми кои често се премолчуваат и се надеваме дека ќе ве мотивираме да поразговарате со некој што ви значи- пријател, партнер, брат, колега.
Разговорот е првиот чекот кон подобро здравје.

Поддржано од




